ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ и Заев

Од:

„СДСМ и Заев донесоа црнила за младите во Република Македонија.

СДСМ ги разочара младите. Дури 83,7 проценти на млади лица на анкетата на порталот Факулетит.мк одговориле дека би заминале од Република Македонија кога би можеле и би имале шанса.

Фрапантни се процентите кои покажуваат дека младите не се задоволни од оваа криминогена влада на СДСМ на која единствен приоритет и се бизнис интересите и милионските тендер склучени во четири очи.

Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев, се што им ветуваа брда и долини, а немаат направено ништо.

За СДСМ младите никогаш не биле приоритет. Младинската гаранција, изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата како и подобрување на студентскиот стандард, погодност за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои останаа само празно слово на хартија.

СДСМ и Заев ги измамија младите. СДСМ и Заев за скоро две години од нивниот мандат освен што ги излажаа и манипулираа студентите, покажаа дека немаат намера да направат ништо добро за младите.

Фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е во младите. Затоа ВМРО – ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија.

СДСМ и Заев се директно одговорни за уништување на младите и затоа мора час поскоро да заминат. На Македонија и требаат млади кои одново ќе треба да ја издигнат државата од пустошот кој го направи Заев и СДСМ!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он