Оваа година Brick Bar, Brick Eat и FOUR ќе бидат дел од хуманата мисија наречена „место со срце“ чија цел е топол дом и грижа за секое дете!
Од 27 до 29 декември, во пресрет на новогодишните празници ќе бидете во можност да донирате на оние на кои им е најпотребно со самото тоа што ќе го посетите омилениот локал за кафе пауза, ручек, вечера или пијалок. Дел од приходот кој ќе се оствари за времетраење на оваа кампања од секое “Mесто со срце” ќе биде дониран за децата од СОС Детско село.
Тридневна активност има за цел да ја подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства.
Brick Bar, Brick Eat и FOUR ја поддржуваат оваа иницијатива и апелираат до сите оние кои имаат можност индиректно да влијаат за помош и подобар живот на социјално ранливата категорија.
ПР објава