Флекс Кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството

Од:

По повод светскиот ден на семејството компанијата Флекс Кредит уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност и донираше хуманитарни пакети за згрижувачките семејства поддржани од СОС Детско село.

„Иницијативата за оваа акција потекна од самите вработени, на што сме особено горди, бидејќи вработени кои се лојални и кои ги живеат идеалите на организацијата, особено општествено одговорните практики, се клучни за успехот на истата. Светскиот ден на семејството е глобална прослава на врските и вредностите кои ги обединуваат семејствата од секаков вид и големина, а нашата компанија уште еднаш покажа дека е едно големо семејство кое ги цени вредностите и традицијата. Како повеќегодишен поддржувач на работата на СОС Детско село сакавме симболично да го одбележиме Денот на семејството преку донација со хуманитарни пакети на згрижувачки семејствата каде својот топол дом го пронашле многу дечиња без родителска грижа.“, изјави Јоана Спасовска, генералната директорка на Флекс Кредит.

Донацијата се состои од пакети со основни прехранбени и хигиенски производи за цело семејство и ги опфати сите згрижувачки семејства на територијата на Македонија кои се поддржани од СОС Детско село.

„Како организација која е пионер во промоција на семејниот модел на згрижување со гордост можеме да кажеме дека денес поддржуваме над осумдесет згрижувачки семејства. Многу деца без родителска грижа во овие згрижувачки семесјтва наоѓаат топол дом исполнет со љубов, радост и сите други благодети на семејната атмосфера. Но предизвиците на современиот ритам се чувствуваат секаде, па така и овде и затоа секоја помош во насока на поддршка на овие семејства е од особена важност. Им благодариме на нашите пријатели од Флекс Кредит кои покрај финансиската поддршка секогаш имаат слух и за друг тип на помош потребна за раст и развој на децата без родители и родителска грижа.“ – изјавија од СОС Детско село.

Инаку светскиот ден на семејството се одбележува секоја година на 15 мај, почнувајќи од 1993 кога и официјално е прогласен од Генералното Собрание на ОН, а се со цел подигнување на свеста за предизвиците и можностите со кои се соочуваат семејствата како основна општествена клетка, во свет кој постојано се менува. Но овој ден е значаен бидејќи ги одбележува разновидноста и богатството на семејните култури и практики низ целиот свет, воедно инспирирајќи меѓусебна поддршка и градење на помирна, повклучителна и одржлива иднина.

Би можело да ве интересира

ФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС Детско село

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

Орце Костов

Флекс кредит додели наградно патување на припадничките на понежниот пол

Флекс кредит лансира нов кредитен производ со 0% камата на 2 рати

Катерина Ѓуровски

“Флекс Кредит ја оддржа III-тата Национална Трговска Конференција”

Катерина Ѓуровски

Јоана Спасовска нов генерален директор на Флекс Кредит Македонија

Катерина Ѓуровски