Новогодишни донации од ЕВН за социјално загрозени семејства

Од:

ЕВН Македонија во последната недела од годината, традиционално, обезбеди новогодишни донации во пакети со прехранбени производи и новогодишни пакетчиња за најмладите од социјално загрозени семејства, велат од компанијата.

Пакети со храна ЕВН донираше за верниците на Македонската православна црква и Исламската верска заедница. Во Медресата во скопското село Кондово беа поделени дел од донациите, а пакети со храна ќе бидат поделени и во другите верски објекти на ИВЗ низ Македонија.

-И овој Божик и Нова година во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле“ на Македонската православна црква во населбата Ѓорче Петров, ќе се подготват празнични јадења за верниците. Пакетчиња со храна и годинава свештениците ќе достават до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или живееат во далечните рурални средини, соопшти ЕВН Македонија.

Новогодишните донации, додаваат, беа заокружени со доделување на новогодишни пакетчиња за дечињата од Посебното основно училиште „ Д-р Златан Сремац“ од Скопје, Дневниот центар за лица со церебрална парализа и во повеќе други центри за згрижување на деца од социјално ранливите категории.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он