Во Војводина уапсени пет момчиња, осомниечни за напади врз етнички Унгарци

Од:

Полицијата во градот Темерин, во српската област Војводина, уапси пет момчиња, осомничени дека во неделата нападнале тројца малолетници од унгарска националност, соопшти Хина, повикувајќи се на медиумите во Војводина.

Петмината се осомничени дека со шишиња ги гаѓале тројцата малолетници, кои се криеле во домот на еден свој пријател. Напаѓачите потоа почнале да фрлаат тули врз куќата, кршејќи еден прозорец, соопшти Радио-телевизија Војводина.

Нападот бил етнички мотивиран.

Претседателот на Собранието на Војводина, Иштван Пастор, минатата недела изјави дека ситуацијата во Војводина се влошува по серијата инциденти, од кои неколку ги оцени како „меѓунационални конфликти“.

Пастор испрати писмо до српскиот премиер Ивица Дачиќ, во кое од него бара да преземе конкретни чекори за на граѓаните да им даде можност да го користат своето право на живот во сигурна средина и да ги спречи инцидентите врз етничка основа.

Пастор потсети дека минатата недела имаше неколку инциденти, кои и се закануваат на безбедноста на жителите на Нови Сад, Темерин, Бечеј и Суботица.

Пред неколу дена, исто така, во Темерин беа преттепани две момчиња од унгарска националност. Тие беа нападнати од група луѓе, кои ги навредувале на српски јазик за нивната унгарска националност.

Унгарската влада излезе со соопштение во кое од српската влада бара да преземе решителни чекори и да ја заштити безбедноста на унгарското малцинство во Војводина.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија