„Исцелител“ не влезе во трка за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје

Од:

Македонскиот филм „Исцелител“ не влезе во трката за престижната филмска награда „Оскар“.

„Драги пријатели, со скршено срце ви објавуваме дека ‘Исцелител’ не влезе понатаму во трката за оскарите. Од вкупно 87 кандидати доцна синоќа беше објавена потесната селекција од 9 филмови меѓу кои за жал не бевме ние. Им честитаме на колегите кои влегоа во селекцијата и им стискаме палци да се најдат на конечната листа од 5 номинирани филмови“, соопшти екипата од филмот.

Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески беше национален кандидат на Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Филмот „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Хејли Бибер рекламира долна облека, но кученцето Оскар го краде шоуто

Филмот „Сестри“ национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм

А1он

„Врба“ на Милчо Манчевски – македонски кандидат за „Оскар“ во 2021

Катерина Ѓуровски

Доделувањето на Оскарите следната година е поместено за 25 април

Ана Ололовска

ВИДЕО: Атиџе ја запеа песната со која сака да настапи на Оскaрите

Кристијан Ландов