ЕСП: Лондон може да го отповика Брегзит без одобрение од ЕУ

Од:

Европскиот Суд за правда во Луксембург се изјасни за можноста Обединетото Кралство да го откаже процесот на повлекување од ЕУ доколу така одлучи.

Одлуката на Судот доаѓа еден ден пред круцијалното гласање во британскиот парламент за Договорот за Брегзит.

-Обединетото Кралство е слободно унилатерално да ја отповиква нотификација за намерата за повлекување од ЕУ, порача денеска Европскиот Суд за правда.

Судот смета дека Лондон има право без одобрение од другите 27 земји членки да го укине процесот на напуштање на ЕУ и да остане членка на Унија под истите услови како и претходно, но само доколу тоа произлегува од парламентарна одлука.

Предметот пред ЕСП го поднесоа неколку британски политичари од различни политички партии.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов