Египет го забрани Јутјуб

Од:

Судот во Каиро побара од владата за еден месец да го блокира пристапот кон Јутјуб откако еден корисник ја обвини интернет-платформата Јутјуб за закана за социјалниот мир.

Судот, меѓу другото, се повика на спорниот филм „Невиноста на муслиманите“, во кој Мухамед А.С. е претставен како љубител на жени и хомосексуалец.

Сегашната забрана за Јутјуб ќе важи и за други веб-страници што го објавија филмот. Против пресудата постои право на жалба, пренесе „Дојче веле“.

Филмот претставува безбедносна закана за Египет – изјави адвокатот Мохамед Хамид Салим, кој поднесе тужба во 2012 година.

Неговата аргументација е дека целта на филмот е искривување на сликата на пророкот Мухамед А.С. и провокација на војна против исламот.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Македонија има најбрз интернет во регионот