Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Од:

Дваесет и осум предвремено родени бебиња кои вчера беа евакуирани од болницата Ал Шифа пристигнаа во Египет преку преминот Рафах.

Мохамед Салама, кој е шеф на неонаталното одделение во болницата Ал-Ахли Емирати во Рафах, каде што се евакуирани бебињата, за Би-Би-Си изјави дека немаат информации каде точно ќе одат бебињата кога ќе пристигнат во Египет.

„Комисијата од египетското Министерство за здравство ќе ги прими, а потоа ќе одлучат“, изјави тој за Би-Би-Си Арапски. Се вели дека египетскиот министер за здравство е со комитетот лоциран на аеродромот Ел Ариш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Газа е како град на духови“

Израел: Во Газа останува 161 заложник, четири деца

Ердоган: Израелскиот премиер влезе во историјата како касапот на Газа

80% од затворениците што Израел има намера да ги ослободи воопшто не се осудени

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тинејџер ослободен од израелски затвор: „Стражарите ме тепаа, ми ја скршија раката“