На барање на СЈО, укинат притворот на Сашо Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина“

Од:

Притворот за ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, за предметот „Таргет-Тврдина“ на предлог на специјалното јавно обвинителство е укинат, потврдуваат од Кривичниот суд за „Макфакс“. Оттаму информираат дека СЈО во исто време кога побарало нов притвор од 30 дена за истрагата за „Империја“, предложило да му биде укинат притворот на Мијалков, а судот го прифатил ваквиот предлог.

Тоа значи дека за Мијалков на сила останува новиот притвор од 30 дена кој му беше изречен синоќа за истрагата во случајот „Империја“, а притворот за обвинението за масовното прислушување кој му беше изречен на 20 ноември му е укинат. Следнава недела во Апелацискиот суд во Скопје требаше да се одржи седница по жалбата на Мијалков.

Адвокатскиот тим на Мијалков има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица за притворот во случајот „Империја“. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.

Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а истрагата најавија дека ќе се проширува.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on