Откако беше одбиена жалбата на експремиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна, граѓаните на социјалните мрежи започнаа да се шегуваат со чекањето на Груевски пред затворот во Шутка.
„Судот два пати не успеал да го најде #Ж дома. Нека стават црвена лента на вратата на „Шутка“, сам ќе дојде.“
„Петок навечер…Ти го мислиш со швалерката е, а тој во затвор отишол.“
„Шутка ќе добие во квалитет. Доктор еееј доктор на науки ќе лежи“.
„Грујо го бараат низ Скопје ко некој покемон“