Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

Од:

На 02.03.2024, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле претрес во просторија во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп.

Исто така, со судска наредба полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола извршиле претрес и во викенд куќа во близина на Казнено – поправната установа Затвор Прилеп.

При претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д.(41) од с. Ливада, струшко и Н.Н.(34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една ќеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во викенд куќата, сопственост на Б.К.(77) од Прилеп, која ја користел И.К.(47) од Прилеп, а кој исто така, издржувал казна затвор во Затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага. Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд куќата. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана