Се стега обрачот околку “богатите“ но и за даночната евазија. Со цел да ги зголеми буџетските приходи за да се обезбедат дополнителни средства за намалување на сиромаштијата, Владата одлучи да ја спроведе најавената даночна реформа – прогресивно одданочување, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Првичната идеја за воведување прогресивен данок беше на граница од 1000 евра, но сега таа се поместува на 1 500 евра. Дел од економистите за „Порталб“ ги коментираат ефектите од новиот даночен модел.
Повисоки заработки – повисоки даноци!
Приходи од договори на дело, високи месечни примања, профити на берза, од закупнини и од игри на среќа – сето ова ќе биде таргет на најавената даночен реформа – прогресивното оданочување. Од Владата се убедени дека со новиот модел ќе се обезбеди правичност во општеството, или како што вели министерот за финансии Драган Тевдовски, тие што најмногу добиваат од државата и најмногу треба да дадат.
„Зборуваме за праведен данок кој ќе биде во прилог на целата економија и на сите граѓани. Дополнителна стапка од 8% ќе се пресметува за годишен месечен доход кој надминува 90 000 денари , или конкретно стапката од 18% ќе се наплаќа само на делот на доходот кој надминува 90 000 денари, додека сумата до 90 000 ќе се даночи со сегашната стапка од 10%, ова значи дека дека за мнозиното на граѓаните стапакта ќе остана иста“ – изјави министерот за финансии Тевдовски.
За дел од економистите, Владата нема да постигне значаен ефект бидејќи мал е процентот на граѓани кои имаат примања повисоки од 1 500 евра месечно.
„Сметам дека со овој модел нема да се постигне значаен буџетски ефект бидејќи месечни примања или воопшто заработки повисоки од 1 500 евра имаат околу еден процент од популацијата. Во структурата на тој 1% , половина или 0,5% се странци кои работат во Македонија и тука се оданочуваат. Со прогресивното оданочување нема да се намали далабокиот јаз меѓу сиромашните и богатите, тоа ќе се направи само ако се покрене инвестициски циклус во пакет со нови вработувања“ – вели консултантот Горан Рафајловски.
Според податоците, една половина од граѓаните што имаат примања, тие доходи се на ниво до 2 660 евра, на нето основа. Со годишен доход од околу 8 300 евра располагаат 5% од граѓаните а граѓаните од најдоходовната група лани заработиле во просек 4 486 евра месечно. Со прогресивното оданочување, освен граѓаните со повисоки примања по основ на плата и авторски договори, засегнати ќе бидат и граѓаните кои заработуваат и на други начини – а тие приходи не се оданочени.
„Со овој потег мислам дека таргет на Владата се и граѓаните кои ‘играат’ на берза и оние кои издаваат под закуп станови и куќи, а тој број на граѓани не е мал. Се работи за високи суми на пари што се вртат. Но, од друга страна, со ова решение на удар ќе биде и една друга категорија на вработени – со привремени договори за вработување и оние кои заработуваат преку авторски договори. Тука ќе се појави замка, односно опасност граѓаните, за да го избегнат плаќањето на повисок данок, да преминат во “сива“ економија. Во ваков случај губитник ќе биде Буџетот, кој ќе остане покус за парите кои сега се слеваат по основ на перосналец“ – изјави за „Порталб“ консултантот и економски аналитичар, Висар Адеми.
Со новиот модел, примањата се делат во две групи. Првата е доход од труд во кој влегуваат: плати, пензии, договори за дело, доход од авторски права, доход од самостојна дејност а втората е доход од капитал кој опфаќа закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа, со што оданочување на капиталните добивки од хартии од вредност и на каматите од орочени депозити со стапка од 15% ќе има одложена примена од 2020 година.
Буџетски ефект „тежок“ 25 милиони евра…
Според проценките на министерството за финансии, со овој нов модел на оданочување ќе биде опфатен еден процент од граѓаните кои остваруваат доходи. Но, овој пат ќе бидат опфатени и оние кои имаат приходи од закупнина, тие, според најавениот законски модел, ќе мора да платат 15%, еднократно. Оваа стапка ќе се пресметува на капиталните приходи воопшто, со цел да се изземат од прогресивното оданочување. Клучна цел на новата реформа се повисоките примања по различни основи.
„Во Македонија буџетските приходи изнесуваа 28% од БДП што е една од најниските стапки во Европа. Со новиот концепт се оечкува дополнителен буџетски прилив од 25 милиони евра, пари кои стриктно ќе завршат за поддршка на социјалната категорија на граѓаните, односно ќе се наменат за борба против сиромаштијата. Тој што има повеќе ќе мора да му даде на тој што нема“ – вели министерот Тевдовски.
Во пакет на оваа реформа и нвината за зголемување на висината на даночното ослободување на 8 000 денари. Годишно, просечниот трошок на работодавачите за еден работник изнесува 6 475 евра или 539 евра месечно, во кои се вклучени бруто – плата, односно вкупни издатоци на компанија за основна плата, давачки кон државата, придонеси, стручна обука. Оваа сума практично ја одразува и цената на трудот во земјава. Македонија, по повеќе од една деценија го напушта моделот на рамен данок. Креторот на сегашниот концепт, екс министерот за финансии Трајко Славески вели дека со новиот модел на зголемени даноци ќе се зголеми и даночната евазија.
„Не само што ќе биде погоден бизнис секторот односно претпријатијата во Република Македонија зголемувањето на данокот директно ќе се одрази на платите на вработените оние кои што ќе бидат погодени со оваа мерка од причина што во систем во кој се исплатува бруто плата работодавачите нема да бидат подготвени да ги зголемат платите за сметка на зголемениот данок и тоа значи намалување на платите на вработените“ – вели поранешниот министер и член на Извршниот комитет на Вмро-Дпмне, Трајко Славески.
Во изминатите години дел од регионалните и воопшто европските економии го вратија прогресивното оданочување. Така, Чешка, Словачка и Црна Гора тоа го направија во 2013 година, Албанија во 2014 година, а од 2018 година дури и Летонија, која се смета за земја чиј еден од клучните економски белези беше рамниот данок. Дополнително, Босна и Херцеговина исто така е во подготовка за напуштање.
Законските решенија за прогресивното оданочување но и за пензиската реформа треба да бидат усвоени до крајот на годината. Најавената реформа ќе стапи на сила на 1 јануари 2019 година, а пресметката ќе се внесе во Годишните даночни пријави во 2020 година.
Извор: Порталб