Изработена мапа со маркирани локации каде може да се селектира стакло, хартија или пластика

Од:

Мапа на која се маркирани сите локации каде може да се селектира стакло, хартија или пластика изработи компанијата Пакомак со цел контејнерите за рециклирање да станат подостапни до граѓаните.

Во моментов, посочуваат од компанијата, на мапата се обележани само локациите на кои има контејнери за стакло во Скопје, како и контејнери за хартија во Струмица, но се работи на нејзино комплетирање.

Се работи на зацврстување на дел од контејнерите, бидејќи голем дел од нив, по самото поставување се уништени од неформалните собирачи на отпад. Затоа, велат од компанијата, се внимава со обележувањето на локациите на мапата, за да не се случи на мапа да го има, а контејнерот да не постои во реалноста.

Од компанијата истакнуваат дека поставуваат зелени контејнери за рециклирање на стакло, во контејнерите со сина боја се одложува хартијата, а во жолтите пластика и лименки. Ги има во десетина градови низ Македонија, а најчесто се поставуваат во соработка со комуналните претпријатија. Во периодот што следи мапата ќе се ажурира со точните локации на контејнерите за селектирање различен вид отпад низ целата држава, наведуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло