Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

Од:

Тело на бебето е пронајдено утрово во објект за сортирање отпад во Бремен. Според германските медиуми, вработените го пронашле телото и го пријавиле случајот во полиција.

Според првите информации, станува збор за девојче, но причината за нејзината смрт е непозната.

– Добивме налог за обдукција, таа ќе биде извршена денес за да се утврди причината за смртта – објасни Франк Пасаде, портпарол на Јавното обвинителство на Бремен.

Сè уште не е познато кој го оставил телото на бебето во ѓубрето.

Јавното обвинителство и полицијата работат на разјаснување на дополнителни детали како што напредува истрагата.

Би можело да ве интересира

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

Германско лото: Две и пол години 250.000 евра им беа „на дофат“, но тие немаа поим за тоа

А1он

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски