Норвешката амбасада со поддршка за зелените инвестиции на Пакомак и повик за заштита на довербата во системот за менаџирање на амбалажниот отпад

Од:

При посетата на Пакомак, претставници на Кралската амбасада на Норвешка, предводени од амбасадорката Кристин Мелсом, изразија силна поддршка за досегашните резултати на компанијата и за новите инвестиции што ја унапредуваат селекцијата и рециклирањето на отпадот од пакување во Северна Македонија.

На средбата беше нагласено значењето на присуството на TOMRA на македонскиот пазар преку Пакомак. Како најголем светски производител на повратни вендинг машини, норвешката компанија придонесува за применување современи и докажани решенија за селективно одложување на отпадот.

Пакомак започна со поставување на повратните вендинг машини во 2021 година, а денес тие се достапни во повеќе градови и на фреквентни локации, меѓу кои трговски центри и супермаркети. Инвестицијата, вредна над два милиони евра, е реализирана со поддршка од Швајцарската амбасада и претставува важен чекор кон развој на одржлив систем што граѓаните го препознаваат и прифаќаат.

Особено задоволство беше изразено и поради најавената greenfield инвестиција, вредна над три милиони евра, со која во рок од една година ќе биде воспоставена автоматска TOMRA линија за секундарна селекција. Линијата ќе биде единствена од ваков тип во регионот и ќе има капацитет да обработува отпад не само од Северна Македонија, туку и од соседните земји.

Фактот што двете инвестиции се реализираат со поддршка од Швајцарската амбасада, еден од позначајните донатори во земјата, беше посочено дека тоа е потврда дека Пакомак работи одржливо, транспарентно и според високи професионални стандарди. Конкретните резултати дополнително го потврдуваат тоа: во текот на 2026 година се очекува преку системот да бидат собрани 20 милиони шишиња и лименки — резултат со кој може да се гордее целата држава.
Амбасадорката Мелсом порача дека Норвешката амбасада стои на располагање и ќе даде поддршка за пренесување на норвешките практики во селекцијата на отпадот од пакување, особено преку поширока употреба на повратни вендинг машини. Во Норвешка стапката на собирање и рециклирање надминува 90 проценти — од секои 1.000 шишиња и лименки, повеќе од 900 се враќаат во системот и се рециклираат.

Воедно, претставниците на Амбасадата изразија сериозна загриженост поради информациите за можна појава на нелојална конкуренција и за чекори што во изминатите два до три месеци би можеле да ја загрозат стабилноста на системот граден во изминатите 15 години. Беше истакнато дека секое нарушување на воспоставените правила може повторно да создаде недоверба кај граѓаните, да ја ослаби една од позитивните еколошки практики во земјата и да ги доведе во прашање ефектите од поддршката што Швајцарската амбасада ја обезбедува преку два последователни договори за проектни активности. Континуираната донаторска поддршка покажува дека станува збор за одржлив, транспарентен и општоприфатен модел, чии резултати треба да се заштитат и дополнително да се развиваат.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Фер правила за сите – предуслов за модерен и одржлив систем за управување со отпадот

А1он

Пакомак го прослави големиот јубилеј: 15 години создаваме зелени навики за здрава и чиста животна средина

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година

Изработена мапа со маркирани локации каде може да се селектира стакло, хартија или пластика

Наум Локоски

Пакомак: Системот за селектирање отпад не се спроведува доследно

Емир Латифовиќ

Конкурсот „Отпад за уметност“ докажа дека креативноста нема граници

Емир Латифовиќ