Фер правила за сите – предуслов за модерен и одржлив систем за управување со отпадот

Од:

Северна Македонија во последните години направи значителен напредок во воспоставувањето на модерен систем за управување со отпадот од пакување. Благодарение на инвестициите на приватниот сектор, поддршката од меѓународните партнери и соработката со институциите, се поставуваат темелите на систем кој постепено се усогласува со европските стандарди. За овој напредок да продолжи, неопходно е сите учесници на пазарот да работат под еднакви правила, а институциите да обезбедат стабилна, предвидлива и фер деловна средина.

Во партнерство со Швајцарија, преку проектот „Smart Packaging Waste Management (Паметно управување со отпадот од пакување)“, во изминатите години се мобилизирани инвестиции од над 4 милиони евра за развој на современ систем за управување со отпадот од пакување. Најновата инвестиција е автоматизиран погон за селекција на отпад од пакување вреден над два милиони евра, кој ќе има капацитет да го обработува отпадот од Скопје и околните општини, односно речиси половина од државата. Со ова се создаваат услови за значително повисоки стапки на рециклирање, подобра заштита на животната средина и побрзо исполнување на европските еколошки стандарди.

Овие инвестиции се долгорочни и нивната вредност не се мери само преку изградената инфраструктура, туку и преку довербата што ја создаваат кај компаниите, граѓаните и институциите. Токму затоа е особено важно системот за управување со отпадот од пакување да остане стабилен, транспарентен и заснован на еднакви правила за сите.


Неодамна се појавија новоформирани колективни постапувачи кои имаат за цел да влезат на пазарот за селектирање и рециклирање на отпад од пакување. Без фактички докази и без да придонесат за понатамошен развој на системот, овие „новодојденци“ вршат притисок да ги освојат клиентите без да покажат дека имаат потребен капацитет да ги исполнат своите законски обврски на долг рок. Конкуренцијата е добредојдена кога се базира на инвестиции, квалитет, иновации и исполнување на обврските, но секоја практика што користи нелегални методи, создава нефер пазарни услови и ја поткопува довербата во воспоставениот систем, со што ги загрозува минатите достигнувања, идните инвестиции и развојот на секторот.

Во период кога Северна Македонија треба дополнително да го забрза усогласувањето со европските стандарди во областа на циркуларната економија, зелената економија и управувањето со отпад, а што беше истакнато и од премиерот на денешната конференција, особено е важно институциите да обезбедат континуитет, правна сигурност и еднакви услови за сите учесници на пазарот. Компаниите треба слободно да го избираат системот во кој ќе членуваат врз основа на квалитетот на услугата, резултатите и довербата, а не под каква било форма на притисок или неизвесност.

Затоа, Пакомак го повикува Министерството за животна средина и просторно планирање да продолжи активно да го поддржува развојот на стабилен и одржлив систем за управување со отпадот од пакување, преку доследна примена на законската рамка, обезбедување фер конкуренција и заштита на интегритетот на системот.
Во спротивно, постои ризик да се намали довербата кај компаниите што инвестираат во одржливи решенија, да се забави модернизацијата на секторот и да се доведе во прашање напредокот постигнат во изминатите години.

Пакомак повеќе од 15 години инвестира во развојот на системот за управување со отпадот од пакување преку поставување инфраструктура за селекција, повратни вендинг-машини, едукација на граѓаните и поддршка на домашната индустрија за рециклирање. Во рамки на неговиот систем годишно се собираат и рециклираат повеќе од 30.000 тони отпад од пакување, а само во текот на 2025 година преку повратните вендинг-машини беа собрани над 18 милиони пластични шишиња и лименки. Овие резултати покажуваат дека долгорочните инвестиции, партнерството и доследната примена на правилата носат конкретни придобивки за животната средина, економијата и граѓаните.

Селектирај иднина, селектирај отпад е пораката од Пакомак, за почиста животна средина.

Би можело да ве интересира

Пакомак го прослави големиот јубилеј: 15 години создаваме зелени навики за здрава и чиста животна средина

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година

Изработена мапа со маркирани локации каде може да се селектира стакло, хартија или пластика

Наум Локоски

Пакомак: Системот за селектирање отпад не се спроведува доследно

Емир Латифовиќ

Конкурсот „Отпад за уметност“ докажа дека креативноста нема граници

Емир Латифовиќ

31.9 % од Македонците го селектираат отпадот од амбалажа во нивното домаќинство

Емир Латифовиќ