Меси не доби дозвола од клупскиот лекар за настап против Интер

Од:

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, иако не доби лекарска дозвола, ќе биде во составот за средбата против Интер во Милано.

Аргентинецот изминатите две недели ги пропушти натпреварите на својот тим поради повреда на раката, но се врати на тренинг и тренерот Ернесто Валверде го вклучи во експедицијата за Милано.

Има шанси Меси да истрча на теренот на „Џузепе Меаца“ но веројатно ќе биде не клупата на резервни играчи.

Барселона без Меси ги победи сите четири натпревари, вклучувајќи го и триумфот против Интер (2:0) на „Камп Ноу“.

Натпреварот меѓу Интер и Барселона се игра утре со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот