Бил Гејтс предлага даноци за роботи

Од:

Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.

– Благодарение на оваа идеја дека роботите ќе ни помагаат да произведуваме повеќе стоки и услуги со помалку човечка работна сила, ние престанавме да ја гледаме работата како единственото нешто за коешто сме се родиле. Тоа води кон прашањето и за забавување на процесот на автоматизација, нагласи милијардерот.

Според него, не треба да се дојде до целосна замена на луѓето со роботи на нивните работни места.

– Предметот на оданочување обично е капиталот или работната сила, а роботот е вид капитал, додава Гејтс.

Тој оцени дека тоа нема да значи забрана на производството на човековидни роботи и на организацијата на производството, во кое тие учествуваат. Системот за даноци ќе биде обмислен така што претприемачите ќе сакаат да ја земат предвид можноста да вработат и луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Претставени девет човеколики роботи: Нема да правиме востание против луѓето

Катерина Ѓуровски

Во Белград почнаа со роботи за достава-квадратна кутија се движи низ главниот град

Предраг Петровиќ

Американските компании ги заменуваат работниците со роботи

А1он

Револуционерни роботи-земјоделци во Калифорнија

Ана Ололовска

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Австрија бара етички да се регулира користењето роботи-убијци на бојното поле

Жарко Настоски