Револуционерни роботи-земјоделци во Калифорнија

Од:

Роботите со вештачка интелигенција можат да се грижат за фармите поодржливо отколку традиционалното земјоделство. Ова, според новата компанија „Ајрон окс“ во Силиконската долина во САД.

Извршниот директор Брендон Александар не може да биде обвинет за неискуство кога станува збор за производство на храна. Тој секое лето од детството го минувал на имотот на своите предци во Тексас, одгледувајќи памук, компири и кикирики. Потоа дипломирал во областа на информатичките технологии. Со ова знаење, Александар почнал бизнис со самостојно земјоделство во 2018 година, во Гилрој, Калифорнија.

– За да го елиминираме отпадот, за навистина да го достигнеме следното ниво на одржливост и влијание, треба да го преиспитаме целиот процес на одгледување, објаснува тој.

Целта на новата земјоделска технологија е да го направи земјоделскиот сектор независен од јаглерод. И, досега се обезбедени 47 милиони евра (53 милиони американски долари) од инвеститори – вклучувајќи го и Бил Гејтс.

Во стаклена градина на компанијата, со помош на роботите Гровер и АДА, се одгледуваат босилек, јагоди и други култури, користејќи хидропонски систем.

Податоците за земјоделските култури постојано се собираат за вештачката интелигенција да научи што им треба на растенијата, во смисла – подобрени приноси и намалено негативно влијание врз животната средина. Така, пријавените придобивки покажуваат 30 пати зголемен раст во споредба со нормалните фарми co користење на 90 отсто помалку вода и струја.

Земјоделството досега е втората најголема причина за глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Австрија бара етички да се регулира користењето роботи-убијци на бојното поле

Жарко Настоски

СЕФ: Роботите ќе значат 85 милиони работни места помалку за пет години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гандаму – новиот јапонски џин од речиси 20 метри

Ана Ололовска

ВИДЕО: Роботот „Пепер“ нѐ потсетува да носиме заштитни маски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Робот почнува работа во ресторан во САД – ќе прави 160 хамбургери на ден

Ана Ололовска