Австрија бара етички да се регулира користењето роботи-убијци на бојното поле

Од:

Властите во Виена преземаат дипломатска иницијатива за развој на етичка рамка за употреба на роботи убијци на воените боишта во иднина. Министерот за надворешни работи Александар Шаленберг истакна дека треба да се усвојат стандарди слични на оние поставени за противпешадиските мини и касетните бомби.

– Треба да воспоставиме правила, пред роботите убијци да стигнат на бојното поле во некоја земја. Австриската Влада планира конференција во Виена, за следната 2021 година, за да се почне процес којшто, се надеваме, ќе доведе до меѓународна конвенција за употреба на вештачка интелигенција на боиштата. Досега, ова прашање не е доволно разработено на дипломатско ниво, изјави Шаленберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

Истакнувајќи ја потребата за оваа рамка, Шаленберг рече дека одлуките во борбени услови не треба да ги донесува вештачка интелигенција. – Луѓето, а не алгоритмите, треба да ги решаваат прашањата за живот и смрт, вели тој.

Употребата на самостојно смртоносно оружје се дискутира во ОН од 2015 година во рамките на дебатата за конвенционални оружја. Земјите пионери во областа на системите за самостојно оружје – Русија, САД и Израел – одбиваат обврзувачка забрана според меѓународното право. Вкупно 30 земји сакаат целосна забрана за употреба на роботи убијци во воените дејствија. Слична е состојбата и во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче