БЕГ: Студентите во студентскиот дом Стив Наумов немаат парно поради дефект на внатрешната инсталација кој е во надлежност на управата на домот

Од:

„Екипите на БЕГ пред почетокот на грејната сезона навреме извршија проверка на топлинската станица на Студенскиот дом „Стив Наумов“, при што беше констатирано дека истата е технички исправна за преземање на топлинска енергија од централниот систем за греење.

Во моментов студетскиот дом „Стив Наумов“ нема централно греење поради дефект во внатрешната инсталација, чие одржување согласно важечката регулатива е обврска на управата на домот. Сѐ додека управата не го среди овој проблем во внатрешната инсталација БЕГ не е во можност да испорача топлинска енергија.

Студентскиот дом „Стив Наумов“ е во групата објекти кои не ја подготвија внатрешната инсталација согласно обврските за почеток на грејната сезона, за што навреме ја информиравме јавноста.

Со оглед на фактот дека се работи за Студентски дом каде се сместени голем број студенти, БЕГ како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена со своите стручни екипи да даде поддршка на управата на домот за надминување на овој проблем“, се вели во соопштението на БЕГ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

A1on

ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

A1on

ВИДЕО: Поранешен вработен ја запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

A1on

Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Кристијан Ландов

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Ѓуровски

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ