ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

Од:

Студентите во студентскиот дом „Пелагонија“ се силно вознемирени од утринскиот инцидент во кој две лица ја искршија и потоа ја запалија канцеларијата на директорот Агим Фејзулаху.

Студентите кои се сместени во собите на приземје веднаш до канцеларијата на директорот за „А1он“ рекоа дека околу 9:30 часот ги разбудиле силни удари и гласна експлозија.

„Се случи во 9:30 . Ние спиевме и тоа нè разбуди. Слушнавме добри десет силни удари од некое лице и одеднаш слушнавме силна експлозија. Прозорците се искршија. Не сме повредени, само вознемирени. Многу силно пукање беше. По ударите со тврд предмет слушнавме само гласови ‘бомба, бомба’ од студентките над нас“, рече еден од студентите кој сакаше да остане анонимен.

При експлозијата нема повредени, но има голема материјална штета. Студентите не ги виделе лицата што го сториле делото, но чудно им било што обезбедувањето задоцнило со реакцијата.

„Чудно е тоа што имаше сериозни удари, а никој од обезбедувањето не дојде, траеше околу 20 секунди. Мислевме дека работат нешто и туркаат нешто, но по експлозијата која нè извади од памет, сфативме дека се работи за насилен напад. Причините не ни се познати затоа што ние не го познаваме ниту директорот“, рекоа за „А1он“ студентите од собите близу канцеларијата.

МВР, пак, соопшти дека поранешно вработено лице во студентскиот дом „Пелагонија“ заедно со уште едно лице, по претходна расправија со директорот Агим Фејзулаху, кој е кадар на ДУИ, ја искршило и запалило канцеларијата утрово околу 9:30 часот.

„Директорот пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар“, соопштија од МВР.

Од МВР велат дека нема повредени до моментот на пријавувањето, а пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски