Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Од:

Студентската група „Студентарија“ реагира дека студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе шести ден се без електрична енергија, а со недели претходно немаат ниту топла вода.

Според нив, состојбата сериозно ги нарушува основните услови за живот и престој во домот, додека, како што велат, досега нема официјална реакција ниту од раководството на домот, ниту од Министерството за образование и наука.

„Покрај тоа што со недели немаат топла вода, студентите сега се соочуваат и со сериозни проблеми во однос на основните услови за живот. И покрај ваквата состојба, нема никаква официјална реакција од надлежните институции“, наведуваат од „Студентарија“.

Оттаму апелираат институциите итно да преземат мерки за нормализирање на условите во студентскиот дом, истакнувајќи дека станува збор за основни услови за достоинствен живот на студентите.

До редакцијата се доставени и фотографии кои, според „Студентарија“, ја прикажуваат моменталната состојба во студентскиот дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Сместување во студентските домови со најмногу 30 години возраст и забрана ако е сторена потешка повреда на куќниот ред

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице