(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

Од:

На една страна смрдливи тоалети, искршени врати и лош мирис, а на друга страна топлина, хигиена и нов мебел.

Првиот впечаток кој екипата на „А1он“ го доби при влегувањето во студентскиот дом „Стив Наумов“ е постоење на два паралелни светови: во едниот свет е студент од сиромашно семејство кој во старата зграда чека да му стават врата и плочки во бањата за да може да се сокрие и да се истушира со млаката вода од дотраените цевки. Во вториот свет е студентот кој по партиска линија добил сместување во топла барака во која го чека мирис на нов мебел.

Обраснатите треви во дворот не можат да ја сокријат лошата слика за руинираната зграда, позната како женската зграда во која се сместени над 400 студенти, ниту пак тишината која не била препознатлив знак за секогаш гласниот „Стив“.

А, одбивањето да зборуваат пред камерата на „А1он“ говори за срамот кој го чувствуваат од лошите услови во кои се сместени, но морале да ги прифатат од економски причини.

Целата сторија во видеото погоре.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Граѓаните се охрабрија: Извршителката ме натера да си ја откупам куќата, еднаш од банката, еднаш од соседот

Орце Костов

ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

Орце Костов

ВИДЕО: Поранешен вработен ја запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Ден на дрвото“ – проект без ефект: За голи ридови, маркетинг и спотови потрошени 14 милиони евра

Орце Костов

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

А1он

Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Ана Ололовска