Мета: Значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот интеграциски грч

Од:

Изгласувањето на одлуката од страна на македонскиот Парламент за пристапување кон измени на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа, го поздрави албанскиот претседател Илир Мета, оценувајќи го како значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот интеграциски грч.

– Гласањето во македонското Собрание за иницијативата за уставни промени претставува значаен чекор, надеж и верба дека процесот за членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат, напиша Мета на својот фејсбук профил.

Тој упатува честитки до Владата на премиерот Зоран Заев за решавачките напори во овој правец и до сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процес, кој не само што ја ослободува Македонија од повеќегодишниот грч во нејзината интеграција туку влијае и во безбедноста, стабилноста и благосотојбата во регионот.

Претходно, јави дописничката на МИА, донесувањето на олдуката ја поздрави и албанскиот премиер Еди Рама.

– Среќен роденден Република Северна Македонија. Искрени честитки за премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се бореа за овој историски момент. Денеска се отвори нова врата за иднината за нашите два народа во Република Северна Македонија. Почит., напиша Рама на Твитер на англиски и албански јазик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во Тирана, најамалку 11 повредени

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот