Стружани имаат навика да донираат

Од:

Во основните и средните училишта во Струга и струшко од денеска до 22 окотмври се поставени кутии на Црвен крст за собирање пари и донација од храна за семејствата од социјален ризик со што ќе биде одбележана Неделата за борба против гладта.

Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга Адуриме Даути појаси дека учениците, кои сакаат да донираат за своите другарчиња од социјален ризик купуваат бончиња од по 20 денари, а собраните пари ќе бидат наменети за храна за најранливите категории.

– Целта е да ги развиеме чуствата за донација и кај најмалите, како што е и мотото на годинашната кампања „Помислете и на нас“. Интересот е голем и од година во година се повеќе расте, не само кај децата, туку и кај возрасните. Свеста за донирање кај стружани секоја година се зголемува, изјави Даути.

Според неа, во Струга нема регистрирани бездомници, а не располагаат со податоци за тоа на колку лица им е потребна помош од храна. Црвен крст, како што нагласи, помага со донации од храна и средства за хигиена онаму каде што е потребно.

Општинската организација на струшкиот Црвен крст во соработка со „Здружение на професори на италиански јазик“ под мотото „Заедно можеме повеќе“ во средното општинско училиште „Ибрахим Темо“ денеска и утре организираат хуманитарна акција за собирање на тестенини.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он