Репрезентацијата на Англија одигра нерешено 0:0 синоќа на гостувањето кај Хрватска во 2. коло од Лигата на нации. Иако играа против свесткиот вицешампион на негов терен, Англичаните не се задоволни од ремито.
– Малку сме разочарани од тоа што одигравме само нерешено. Додјовме во Риека по трите бода, изјави капитенот Хари Кејн.
И селекторот на „Гордиот Албион“ очекуваше победа.
– Игравме добро и го диктиравме темпото, но не ги реализиравме нашите шанси. Посебно бевме доминантни во второто полувреме. Друг ден би победиле на таков натпревар, рече селекторот Герет Саутгејт.
По две рунди во Групата – 4 Дивизја А, лидер е Шпанија со максимални шест бода, Англија и Хрватска имаат по еден бод.