„За ова од Топаана, ги имам списковите“, му вели Амди Бајрам на Јанакиески

Од:

Во последната објавена бомба во Кривичниот суд за предметот „Титаник“ на СЈО, беше пуштен телефонски разговор помеѓу екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

Во разговорот, Амди Бајрам на Миле му вели дека ги има списоците и треба да се видат лично.

„За ова од Топаана… ги имам списковите“, вели Амди.

Со Јанакиески се договараат да се видат следниот ден околу 1 или 2 часот.

Денеска во судот беа пуштени над 140 бомби на СЈО, а судијата Осман Шабани закажа три рочишта за октомври и уште неколку во ноември и декември.

Претходно, адвокатите на обвинетите го прашаа судијата до колку часот планира да го држи рочиштето денеска за да ги планираат активностите. Судијата Шабани не им одговори туку неколкумина од нив ги опомена на записник.

На следното рочиште во октомври ќе се преслушуваат останатите бомби на СЈО во доказната постапка во предметот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on