Фудбалерот на Феенорд Стивен Бергес се најде во комична ситуација на вчерашниот натпревар со Утрехт во холандското првенство.
Дека Бергес може да биде и добар актер покажа при еден допир од противнички играч. Домашниот фудбалер падна на тревникот како да добил силен удар. Комичната ситуација беше снимена од камерите и се најде на социјалните мрежи.
Судијата не реагираше на обидот на 26-годишниот Бергес да изнуди санкција за противничкиот фудбалер.
Феенорд го доби натпреварот со 1:0.