Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтернатива

Од:

Нема план „Б“, потребна е поддршка на референдумот со кој се приближуваме до НАТО и ЕУ, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на попладневната средба со жителите на Куманово.

Ахмети додаде дека на 30-ти септември имаме историска можност и мора да се гласа бидејќи Македонија нема друга алтернатива.

Лидерот на ДУИ истакна дека на 30-ти септември се гласа за концепт, кој не доближува до западната филозофија и дека членството во ЕУ и НАТО се потребни, бидејќи се отвораат можности за поголеми економски инвестиции, инфраструктура, владеење на правото и подобар развој на државата. Членството во НАТО, рече тој, значи мир, безбедност и сигурност.

Делегациите кои доаѓаат, посочи Ахмети не поддржуваат, но истакна, тие не гласаат, гласаат граѓаните.

– Да излеземе на 30-ти септември и да гласаме за иднината, за нашите деца, нашите внуци, рече Ахмети.

На присутните им се обрати и министерот за образование Арбр Адеми, кој рече дека е потребна целосна мобилизација за оваа клучна одлука со која се заокружуваат нашите стратешки цели, членството на земјата во ЕУ и НАТО.

– На сегашните и идни генерации им е потребно европско образование, нагласи Адеми.

На средбата со граѓаните се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку кој исто така ги повика присутните да гласаат и да го поддржат референдумот на 30. септември.

Би можело да ве интересира

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски