ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

Од:

Предлогот на Министерот за правда е скандалозен. Наместо да бара доследна примена на законот и почитување на Уставот, тој им порачува на студентите: „Ајде да се договориме да го прекршиме Законот за употреба на јазиците, да го прекршиме Уставот и испитот да го полагаме малку на албански, а малку на македонски јазик, реагираат од ДУИ.

– Овој став е во директна спротивност со она што самиот министер го изјавуваше пред само неколку месеци. Но, штом седна во фотелјата на власта, тој го извади од фиока предлогот на Каракамишева и денес фанатично го брани, токму пред студентите, на кои вчера им го признаваше правото што денес се обидува да им го одземе.

Лицемерието нема крај! Ова деградирање на положбата на Албанците добива алармантни размери. Уставните и законските права не смеат да се претворат во предмет на политички пазарења, а најмалку од страна на оние кои имаат обврска да ги штитат и спроведуваат.

Овој скандал мора да биде осуден од сите, без разлика на политичката припадност. Ние сме на страната на студентите, на нивното уставно и законско право и на принципот дека законот мора да се спроведува, а не да се преговара на штета на правата на Албанците.

Студентите имаат право правосудниот испит, исто како и секој друг државен испит, да го полагаат на албански јазик, во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

На студентите не им се потребни компромиси што ги нарушуваат нивните права. Ним им е потребна примена на законот, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Филков: ЗНАМ стои зад ставот дека според Уставот и важечките закони правосудниот испит може да се полага само на македонски јазик

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски