ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Од:

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е една од најзагрижувачките оценки што Северна Македонија ги добила во последните години и покажува дека земјата заостанува во реформите и на патот кон европската интеграција, оценува Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Од партијата велат дека извештајот укажува на сериозни проблеми во функционирањето на институциите, а посебно ги издвојуваат забелешките за примената на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност.

Според ДУИ, за првпат овие прашања заземаат толку значајно место во оценката на Европската комисија, што партијата го оценува како најтешка политичка последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

„Прашањата на еднаквоста, кои требаше да бидат неспорни институционални гаранции, денес се претворија во европска загриженост“, се наведува во соопштението.

Од ДУИ потсетуваат дека ВЛЕН влезе во Владата со ветување дека ќе ги претставува Албанците, но оценуваат дека последиците од нивното учество во власта сега се видливи и во извештајот на Европската комисија.

Партијата посочува дека балансерот е укинат, а новиот механизам за правична и соодветна застапеност сè уште не е решен. Во меѓувреме, според ДУИ, албанските граѓани и студенти продолжуваат да се соочуваат со пречки во остварувањето на своите јазични права.

ДУИ забележува отсуство на напредок и во други области, меѓу кои борбата против корупцијата, слободата на изразување, јавните набавки, заштитата на потрошувачите и здравството.

„Влада која вети реформи, денес произведува стагнација во основните области на државата“, оценуваат од партијата.

Во соопштението се прави споредба со Албанија и Црна Гора, за кои ДУИ наведува дека напредуваат во процесот на европска интеграција. Албанија напредува во преговорите, Црна Гора се приближува до нивното завршување, додека Северна Македонија останува надвор од новата динамика на проширувањето и сè уште не го отворила првиот кластер.

„Ова е цената што граѓаните ја плаќаат за политичкиот курс на оваа Влада. Северна Македонија губи драгоцено европско време, додека Албанците повторно се соочуваат со оспорување на правата што ги сметаа за загарантирани“, наведуваат од ДУИ.

Од партијата оценуваат дека извештајот треба да биде сигнал за итна промена на владиниот курс, бидејќи, како што велат, еднаквоста, функционирањето на државата и европската перспектива не смеат да бидат жртви на актуелното владеење.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

Нема напредок со уставните измени, распространета коруција и мешање во судството – Извештај на ЕК за Македонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис