Мета-Тачи: Албанците во Македонија да гласаат „за“ на референдумот

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, ги повика Албанците во Македонија да учествуваат на референдумот што ќе се одржи на 30 септември и да гласаат„за“ безбедна европска иднина на земјата.

Пораката Мета ја упати од средбата што во Тирана ја имаше со лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија, Мендух Тачи.

Двајцата соговорници разговарале за состојбата во Македонија и претстојниот референдум кој се очекува „да стави крај на проблемите со Грција“.

– Претседателот Мета високо го оцени позитивниот пристап на македонската Влада за сеопфатни реформи и значајниот придонес на албанскиот политички фактор во овие процеси кои се од суштинско значење, стои во соопштението од кабинетот на Мета.

Шефот на албанската држава посочил дека албанскиот политички фактор во Македонија имал и има незаменлива улога во процесот на внатрешна социјална и политичка трансформација, како и во интеграцијата на Македонија во евроатланските организации.

– Нагласувајќи ја важноста од брзата европска интеграција и на нашите земји и регионот, претседателот Мета рече дека Македонија е во многу поволен и оптимистички момент по решавањето на спорот со Грција,-се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски