Информирајте се и искористете го демократското право на глас – е апелот кој еврокомесарот Јоханес Хан го упати до македонските граѓани повикувајќи ги сите да излезат да гласаат на референдумот.
„Секој глас е важен, искористете ја можноста да гласат, ова е историска шанса”, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
Евркомесарот кој е во посета на земјава, вели дека треба да се спроведуваат реформите, бидејќи за една година ќе треба да се види напредокот кој Македонија го направила, а тоа немало да биде мерливо само преку договорот за името.
На новинарско прашање околу средбите со останатите политички лидери, како и со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Хан вели дека му кажал дека референдумот не е партиски настан, ниту е момент за да се играат политички игри.
„Ова им го кажав на сите. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат сите во референдумот и да го остварат своето демократско право. Постојат лични чувства, но најважното нешто е да се учествува. Преку тоа, да се покаже колку е важна одлуката. Сакам колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на референдумот, бидејќи тоа е порака до ЕУ“, рече Хан.
Според него, одлуката на граѓаните ќе биде важен прилог кон стабилноста во регионот.
„Воопшто не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ. Ако имам некое барање тогаш тоа би било во иднина да можам да ви се обратам како Северна македнија, но тоа вие ќе одлучите дали ќе можам да ви се обратам така”, рече Хан.
Тој најави дека идната недела ќе има важен состанок во Брусел кој почне скринингот и ќе се означи почеток на подготвителните преговори со земјава за влез во ЕУ.
Тој упати апел до младите да го иксориста своето право и да гласаат на референдумот.
„Во многу еврпски земји младите луѓе не се подготвени да ги искористат можностите кои ги имаат. Но, искуството вели дека секој глас е важен, затоа искористете го своето право, одете да гласаате и одлучете. Се работи за обезбедување подобра иднина за граѓаните, особено на младите да им се даде можност да останат во земјата. За тоа треба да се создадат работни места, инаку не ќе може да ги задржите младите високобразовани луѓе во земјава. Јас имам свои очекувања, но треба да знаете дека ЕУ секогаш ќе биде на вашата страна, има многу можности доколку живееме заедничка иднина”, порача Хан.
Галена Николовска-Ризвановиќ