Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Од:

Националниот центар за управување со кризи (NCMC) на Литванија денеска соопшти дека борбени авиони на НАТО биле кренати во воздух како одговор на потенцијална закана од неидентификуван објект, кој можно е да навлегол во литванскиот воздушен простор.

„Најновите информации укажуваат на тоа дека е идентификувана закана од воздух, најверојатно беспилотно летало“, изјави за радиото LRT шефот на NCMC, Вилмантас Виткаускас, пренесува информативниот портал „Делфи“ (Delfi).

Според Виткаускас, објектот бил забележан јужно од градот Паневежис и се движи во правец кон север.

Летовите кон аеродромот во Каунас беа прекинати по издавањето на „жолто“ предупредување за закана од воздух, кое остана на сила околу 40 минути.

„Жолтото предупредување за закана од воздух значи дека нападот е веројатен, но сè уште не е започнат; жителите треба да побараат засолниште доколку статусот се промени во ’црвен‘.“

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски