ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

Од:

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, изјави дека Европската унија внимателно ги следи вонредните парламентарни избори во Србија, закажани за 25 октомври.

„Слободните, фер и транспарентни избори се во самата срж на европската демократија. Тие мора да бидат организирани во согласност со европските и меѓународните стандарди“, рече Виганд на редовната прес-конференција во Брисел.

Што се однесува до набљудувачките мисии на меѓународните организации и институции, вклучително и оние во кои учествуваат пратеници од Европскиот парламент, Виганд нагласи дека тие играат важна улога во обезбедувањето на почитувањето на демократскиот процес.

Тој истакна дека работата на набљудувачите се заснова на јасни стандарди, непристрасност и долгорочна експертиза.

„Распоредувањето на долгорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ, на барање на српските власти, како и поканата упатена до Европскиот парламент, претставуваат важни чекори кон обезбедување кредибилно набљудување на изборите и поддршка за придонесот на локалните набљудувачи кон интегритетот на изборниот процес“, рече Виганд.

Би можело да ве интересира

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски