Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Од:

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп вложува напори за мирно решавање на украинската криза, додека европските земји, според него, придонесуваат за ескалација на конфликтот.

– Европските земји ги саботираат договорите меѓу Русија и САД и прават сè за да обезбедат продолжување на војната во Украина, им рече Песков на новинарите во Москва, пренесе „РИА Новости“.

Тој истакна дека Москва внимателно ги следи медиумските извештаи за можни ограничувања на американската помош за Киев, но дека е прерано да се извлечат какви било конечни заклучоци.

„Постојат изјави дека САД продолжуваат да ѝ пружаат помош на Украина, додека, од друга страна, има тврдења дека се воведени разни технолошки ограничувања и дека е прекинат синџирот на пренос на одредени видови информации до Киев. Внимателно го следиме сето ова“, изјави Песков.

На прашањето да ги коментира извештаите дека американската компанија „SpaceX“ ја ограничила брзината на сателитскиот интернет систем „Starlink“ за украинската војска, Песков рече дека би било подобро напредните технологии, како што е тој систем, воопшто да не се користат за воени цели. Портпаролот на Кремљ одби да ги коментира медиумските извештаи за можна посета на Русија од страна на Кеш Пател, директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ).

„Таквите посети речиси никогаш не се најавуваат, така што немам што да ви кажам за тоа“, заклучи Песков.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Горан Наумовски

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски