Францускиот првак Пари Сен Жермен минатата сезона продал 900.000 дресови, а од нив најмногу биле со имињата на Нејмар и на Килијан Мбапе.
Парискиот клуб беше критикуван за висината на трансферите на овие фудбалери, откако за Нејмар беа платени 222 милиони евра, а за Мбапе уште 180 милиони евра, но сепак ПСЖ со нив двајца постигна и одлични маркетиншки резултати.
Интересен е податокот дека најмногу дресови се продадени во Азија, када за време на летната турнеја на ПСЖ стадионите беа преполни, а навивачите доаѓаа во дресови и со симболи на клубот.
Раководството на ПСЖ сака да го искористи овој тренд и да заработи дополнително, па поради тоа се дизајнира нов дрес но не се прецизира кога ќе биде пуштен во продажба.