Големиот талент на холандски Ајакс, Абделхак Нури се разбуди по 13-месечна кома и веќе може да комуницира со своите блиски.
Вундеркиндот во школата на Ајакс падна во кома по добиен срцев удар за време пријателски натпревар против Вердер Бремен минатото лето, поради што се здобил со оштетувања на мозокот. Тој беше однесен во болница каде што остана неколку месеци. Во моментов Нури се наоѓа во медицински центар каде неговото семејство може да го посетува секојдневно и да помага во неговата рехабилитација.
Нури се уште не може да го движи телото и има потреба од помош, за да седнува и станува од својата инвалидска количка.
– Во моментов состојбата му е подобра во споредба со пред неколку месеци. Психички е многу здрав. Тој ја движи само главата, но понекогаш прави напори да се премести од креветот на количката. Веќе може да се комуницира со него, соопшти неговиот брат Абдерахим.
Во почетокот докторите сметаа дека Нури никогаш повеќе нема да гледа, да зборува, да се движи или да јаде. Сега, сепак, тие веруваат дека момчето може целосно да закрепне.
Дваесет и едно-годишниот играч пристигна во академијата на Ајакс во 2016 година и почна да игра во вториот тим на гигантот од Амстердам. На крајот на сезоната 2016/2017 тој беше номиниран за најдобар играч на клубот.
Исто така, тој имаше 9 учества за првиот тим на Ајакс, како и три дуели по патот на тимот кон финалето во Лига Европа.