На видеосервисот Youtube се појави снимка на која може да се види мајка која го држи нејзиниот тригодишен син кој вреска и плаче додека го тетовираат.
Жената во текот на тетовирањето се обидувала да го контролира нејзиното дете, додека тоа вреска во агонија на секој допир со иглата.
Се верува дека снимката е направена во Хавана на Куба, а предизвика огромен бес кај јавноста.
– Ова очигледно е бездушност. Тие луѓе би требало да бидат уапсени и осудени на затворска казна, е еден од коментарите.
– Иако и самата ги сакам тетоважите, морам да речам дека ова е одвратно. Треба да ја уапсат поради злоставување на деца, напиша Клер од Велика Британија.