Средба на претседателот Иванов со државен секретар од Франција

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја прими Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Француската Република.

На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, беше изразено задоволство од континуираната одлична соработка во областа на одбраната и беа разгледани можностите за нејзино натамошно продлабочување и интензивирање.

Во контекст на европските и евроатлантските аспирации на Македонија, претседателот Иванов истакна дека членството во ЕУ и НАТО останува наша стратешка цел.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Макрон нацрта нуклеарна мета врз Норвешка

Франсоа Оланд најави можно враќање во Елисејската палата

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он

Иран им се закани на Велика Британија и Франција

Катерина Ѓуровски

Градоначалник во Франција обвинет за силување и водење култ

А1он