„Нејшнл Џиографик“: Една слика, илјада зборови

Од:

Насловната страница од јунскиот број на списанието „Нејшнл Џиографик“ масовно се споделува на друштвените мрежи, а пораката е прилично моќна.

Пораката е дека луѓето го гледаат загадувањето со пластичен отпад само како врв од ледена санта, односно не сакаме да проѕреме „под површината“ на проблемот.

Сликата алудира и на тоа што научниците скоро пронајдоа пластична ќеса на најдлабоката точка во океанот.

Насловната страница на Твитер завчера прв ја сподели Вон Волас, уредник на списанието, два дена пред бројот да биде пуштен во продажба.

Луѓето имаат само пофални зборови, како за сликата, така и за фокусот на списанието на еден од најголемите еколошки проблеми денес – пластичниот отпад.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска