Во Македонија се трошат околу 550 илјади хектолитри пиво годишно, или 27 литри по глава на жител, што е помалку во споредба со другите земји од регионот, вели генералниот директор на Пивара Скопје Јаак Микел за хрватски Бизнис плус.
За споредба, во Словенија и во Хрватска конзумирањето на пиво по глава на жител е 80 литри годишно.
– Сегментот на пиво во Македонија сега е стабилен, но се уште се троши значително помалку отколку во 2008 година пред кризата и промената на домашното законодавство во делот на продажба на алкохолни пијалоци, вели Микел.
Според него, главниот потенцијал за раст е во зголемување на потрошувачката на пиво по жител и поголема атрактивност на целиот сегмент на широката база на потрошувачи.
Пивара Скопје е најголем производител на пиво и безалкохолни пијалоци во Македонија пред пиварниците во Прилеп и Битола и држи околу 50 отсто од пазарот на пиво во земјата, посочува Бизнис плус.