По празникот Груевски секој ден е на судење

Од:

По празниците следува нова напорна судска недела за експремиерот Никола Груевски. Од вторник до петок тој секој ден треба да се појавува во кривичниот суд.

Во вторник и среда, односно на 10 и 11 април има закажано судски рочишта за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ во предметот „Тенк“.

Предметот е во фаза на доказна постапка и се сослушуваат сведоци. В четврток, на 12 април, треба да се одржи второто судско рочиште за предметот „Титаник“, откако претходно, адвокатите поради обемноста на предметот, побараа и добија повеќе време за да направат увид во доказите.

В петок, доколку Врховниот суд донесе одлука, треба да бидат пуштени 26 бомби во судницата.

До крајот на месецот, Груевски треба да присуствува на 11 судски рочишта и тоа: на 5 судења за случајот „Тенк“, на З за „Титаник“, на едно рочиште за „Траекторија“, едно за предметот „Насилство“ и едно за „ТНТ“.

Во петоците Груевски треба да се пријавува кај шалтерски службеник, како обврска за почитување на мерките на претпазливост кои ги определи судот.

Против него има 5 активни обвиненија на специјалното јавно обвинителство, а отворени се и 3 нови истраги.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ