Новата зграда на Кривичниот суд ќе биде пуштена во употреба

Од:

Новата зграда на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе биде официјално пуштена во употреба. Свеченоста, како што е најавено, ќе се одржи напладне во големата сала на која ќе присуствуваат претставници од судските органи во државата и дипломати.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на брифинг со новинари, потврди дека од понеделник почнува со работа новата зграда на Основен суд Скопје 1, а случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се очекува да биде првиот предмет.

Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа.

Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје почна во мај 2010 година.

Основниот суд Скопје 1 Скопје е основан со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Повелбата претставува прв Законодавен акт на првиот Законодавен орган создаден во текот на НОБ, со кој се утврди постоењето на 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на Македонија.

Во својот почеток овој суд бил сместен во бараки кои се наоѓале од спротива на Градежниот факултет во Скопје и пазарчето „Буњаковец”, каде останува се до 1972 година кога се преселува во сегашните простории на булевар „Гоце Делчев” б.б.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

„Армиско оружје“ – Ослободителна пресуда по 16 години судење

Анита Петровска Рајковиќ

Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Измамникот кој еден стан продаваше на четворица во пандемијата ниту ги враќа парите на измамените ниту оди во затвор: Не лаже и нас и судот

Маја Илиевска-Пачемска