А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бугарскиот претседател смета дека БПЦ треба да води сметка за блискоста со Македонија

by А1он13/03/2018 - 12:0613/03/2018 - 12:06221
Share0

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека прашањето за заложбите на Бугарската православна црква за признавање на независноста на МПЦ-ОА се во целосна надлежност на БПЦ, но треба да се води сметка за блискоста со Македонија.

Добивај вести на вибер

– Тоа прашање е целосно во прерогативите на Бугарската православна црква. Но за време на мојата официјална посета во Република Македонија јас бев со двајца бугарски митрополити – Николај и Кипријан. Тука државата не може да се меша, но треба да се води сметка кога православните цркви ќе го решаваат тоа прашање дека од двете страни на границата меѓу Македонија и Бугарија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја, имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Одговорот на Радев беше за тоа дали ги поддржува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ-Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви.

Бугарскиот претседател Румен Радев беше во посета на Македонија во минатиот месец и притоа го посети Бигорскиот манастир каде од свештената бигорска обител беше пречекан во манастирски и црковен ред. Радев беше првиот претседател на странска држава кој го посетил тој манастир.

bpcbugarijampc

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Горан Наумовски27/01/2026 - 20:07

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Предраг Петровиќ19/01/2026 - 18:47

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:54

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Горан Наумовски05/01/2026 - 10:07

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен