ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море

Од:

Во тек е голема спасувачка операција во Црното Море по напад со дронови врз два трговски брода во водите на Бугарија.

Станува збор за прв ваков напад врз бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија, објави БГНЕС.

Според првичните информации, мета биле два брода за генерален товар – ALFA WATAN, кој пловел под знамето на Того, и ABLE, кој пловел под знамето на Палау.

ALFA WATAN претрпел сериозни оштетувања на конструкцијата и потонал источно од бугарскиот брег. Засега нема официјални информации за судбината на неговиот екипаж и дали има преживеани.

Вториот брод, моторниот ABLE, се запалил по нападот. Поради сериозноста на ситуацијата, 18-члениот екипаж морал да го напушти бродот.

Во спасувачката операција учествувал и бугарскиот ро-ро/патнички ферибот DIOSCURIA, кој плови под бугарско знаме. Бродот бил пренасочен кон местото на инцидентот и успеал да ги евакуира и прими сите членови на екипажот на запалениот ABLE.

Меѓу спасените има и повредени, на кои веднаш им била укажана прва помош на бродот. Во тек е координација со спасувачките служби за нивна итна медицинска евакуација и транспорт до болница на брегот.

Околностите на нападот, како и припадноста на дроновите што ги извршиле нападите, засега се предмет на истрага.

угарскиот премиер Румен Радев свика состанок со претставници на институциите по повод нападот со дронови врз два брода во бугарската економска зона во Црното Море, соопшти владината информативна служба.

На состанокот ќе учествуваат претставници на Министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и за животна средина и води, како и претставници на претседателската институција и безбедносните служби.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски