Откако почна да се врти фотографијата на магаре кое лежи на патот, од Гугл се огласија и објавија фотографија на која се гледа магарето од Боцвана дека е живо и здраво.
Дали Гугл е виновен за убиството на магарето? Тоа се прашаа многумина откако на интернет почна да кружи фотографија од Google Street View, каде пред автомобилот на Гугл кој снима фотографии на улица се најде магаре кое лежи на патот. Фотографијата е снимена во Боцвана во регионот Квенинг. Многумина заклучија дека автомобитлот на Гугл го удрило несреќното магаре.
За „инцидентот“ конечно се огласија од Гугл со порака дека тие не го убиле, и приложија фотогафии со докази на кои јасно се гледа дека магарето е живо и здраво. Зашто тогаш воопшто лежело на патот? Во Гугл сметаат дека само се тркалало во песокот.