Поранешната прва дама на САД Мишел Обама денеска на нејзиниот Твитер налог наведе дека нејзините мемоари ќе бидат објавени во ноември.
Таа ги опиша мемоарите како „длабоко, лично искуство“.
Мишел и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, минатата година постигнаа договор со издавачката куќа „Penguin Random House“ за нивните книги, а се претпоставува дека вредностна на договорот е 30 милиони долари.
Сите очекуваат многу од мемоарите на Мишел Обама, бидејќи се смета дека таа е почитувана во светот, како и дека никогаш до сега не ја раскажала „нејзината приказна“.